Работнички цели на победничка серија во АБА2

Победите над Подгорица и Ловќен Цетиње треба да бидат гаранција за Работнички дека со идентичен пристап може да се запише трета победа во низа во АБА2 лигата. Центарци вечерва (21 часот) ќе ги одмерат силите со Младост Земун во рамките од четвртото коло, во кое македонскиот претставник треба да ја оправда малата фаворитска улога.

Јасно е дека најголем адут на тренерот Димитар Мираковски е Демиер Питс, кој во претходните два меча се истакнуваше како најефикасен играч. Исто така и Балмазовиќ полека влегува во ритам, важни ќе бидат и неговите поени, но Работнички не може да се потпре само на нив двајца, за продолжување на победничката, потребно е сите кошаркари да бидат на потребното ниво.

Тимот од Земун е во спротивна форма од Работнички. По победата над Хелиос во премиерното коло, Младост претрпе два последователни порази од Студентски центар и Слобода, учинок од кој Работнички треба да извлече резултат во своја полза.

 

- Оглас -

Најнови вести