Работнички знае да добива тесни мечеви, си закажа финале со МЗТ

Работнички го совлада Еуро Никел со 85-79 во второто полуфинале на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ и утре ќе игра финале против вечниот ривал МЗТ Скопје Аеродром. Работнички има 10 титули во купот, го освои пехарот и пред две години, ја брани титулата, а има и две победи против МЗТ сезонава во лигашки средби, додека Штрковите славеа во пресметката од АБА 2 лигата.

Хрватот Бундовиќ со 29 поени беше најдобар поединец кај Работнички, додека кај кавадарчани Рикиќ и Петровски дадоа по 16 поени.

- Оглас -

Најнови вести