Работнички знаеше како да го искористи подарокот кој му го понуди МЗТ

Работнички предводен од плејмејкерот Демиер Питс кој имаше 29 поени и 8 асистенции, го доби големото скопско дерби против МЗТ Скопје Аеродром со 94-90, на отворањето на новата кошаркарска сезона во првата македонска лига. За Работнички ова е 90-та победа против МЗТ во меѓусебните дуели, но најтрофејниот клуб дома против МЗТ се немаше радувано речиси 900 дена, од мај 2018 наваму.

Екипата на тренерот Димитар Мираковски тргна многу помотивирано, разиграно, и Работнички имаше 25-10 во 9 минута, но МЗТ многу брзо воспостави резултатска рамнотежа, и до самиот крај никој не успеа да се одлепи.

МЗТ можеше да победи, но при 91-90 за Работнички на 7 секунди до крајот, бекот Тодрик Гочер утна две слободни со кои можеше да ги доведе во водство гостите. Гочер немаше нерви, двапати утна, и практично му подари победа на градскиот ривал.

Кај Работнички се истакнаа странците Питс со 29, Балмазовиќ со 19 и Вашингтон со 17 поени, додека кај некомплетниот МЗТ на кој му фалеа Крстевски, Маслинко и Бакоч, имаше пет играчи со двоцифрен број на поени (Олуџоби, Магдевски, Гравет, Бојиќ и Стојановски), но шансата за победа ја прокоцкаа на седум секунди до крајот од линијата за слободни.

- Оглас -

Најнови вести