Радои: Му честитам на Пандев, не сум видел таков играч на негови години

Романскиот селектор Мирел Радои, ги изненади своите фудбалери кога на еден час пред натпреварот се појави во нивната соблекувална и ги извести дека ќе ги води од клупата, иако тие мислеа дека уште е позитивен на Ковид-19.

После победата над Македонија од 3-2, Радои имаше многу пофални зборови за нашиот капитен Горан Пандев.

„За една-две минути можевме да го загубиме тоа што го градевме повеќе од 80 минути. Ќе мора да ги анализирме тие две минути во кои се изгубивме. Игравме против квалитетен противник кој ќе учествува на ЕП. Би сакал да му честитам на Пандев. Не сум видел играч на негови години толку добро да ја контролира топката, не губи топки, одлично ја штити топката, лесно пронаоѓа простор.

- Оглас -

Најнови вести