Рафа Бенитес лут: „На овој начин го уништувате фудбалот“

Легендарниот шпански тренер, Рафа Бенитес, во моментов е на клупата на Селта Виго, екипа која е во долниот дел од табелата во Ла Лига, а изминатото коло одигра само 2-2 против Хетафе.

Гостите двапати имаа водство, а Селта двапати израмнуваше, но и промаши пенал, па текот на мечот можеше да биде и поинаков. Сите четири гола беа постигнати во првото полувреме, а Бенитес во вториот дел постојано реагираше за задржувањето на времето на противничките фудбалери, кои имаа и играч помалку.

Камерите го снимија шпанскиот тренер за време на натпреварот како им се обраќа на противничките фудбалери со зборовите: „Вака ќе го уништивте фудбалот, ова е невозможно“, а потоа тоа им го дофрли и на судиите.

Фудбалерот од средниот ред на Хетафе, Хаиме Мата, го запраша тренерот дали судиите го уништуваат натпреварот, на што доби одговор: „Вие сте криви за ова што го правите“.

Ваквата конверзација не остана незабележана и на официјалната прес-конференција по натпреварот.

„Коментирав дека на овој начин нема да го подобриме фудбалот“, одговори славниот тренер на новинарско прашање.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести