Рафа Бенитез од срам како играат неговите фудбалери буквално не сакаше да ги гледа (Видео)

Прославениот шпански тренер Рафаел Бенитез направи невообичаен потег со кој сакаше да демонстрира колку е незадоволен од играта на своите фудбалери. Бенитез е на клупата на кинескиот тим Далијан Про кој во последниот меч загуби со 2:1 од тимот на Џијангсу Сунинг.

Тренерот на Далијан Про од клупата немоќно се обидуваше да ја смени играта на теренот, но кога виде дека тоа нема да му успее, едноставно се откажа и буквално го сврте грбот на своите играчи. По завршување на мечот, Бенитез на сите поставени прашања имаше еден ист краток одговор.

„Не ми се допадна натпреварот“, велеше Бенитез по неколкуте прашања кои ги доби на прес конференцијата.

По три одиграни кола, Далијан Про се наоѓа на претпоследното место во својата дивизија со само еден освоен бод.

 

- Оглас -

Најнови вести