Рафаел Леао го начна, а Сантијаго Хименес го докрајчи Емполи

Милан ја оствари десеттата победа во Серија А оваа сезона откако го совлада Емполи на гости со 0-2. По овој триумф, Росонерите се наоѓаат на седмата позиција со 38 бода.

Рафаел Лео го отвори резултатот на овој натпревар. Тој ја погоди мрежата на домаќините во 68-та минута. До крајот и мексиканскиот интернационалец Сантијаго Хименес се запиша во листата на стрелците за својот нов тим.

На натпреварот беа покажани и два црвени картони, за Лука Маријанучи кај Емполи и за Фикајо Томори кај Милан.

- Оглас -

Најнови вести