Рафаел ван дер Варт за Кристијано Роналдо: „Неверојатно себичен фудбалер!“

Рафаел ван дер Варт по завршувањето на фудбалската кариера, најголемото внимание го привлекува со своите изјави, а главна тема му се Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Последните коментари се наменети токму за Португалецот, за кого имаше интересен коментар.

„Никогаш не излегуваше од дома. Секогаш на шега кажувам: Роналдо е единствениот фудбалер чиј полов орган го немам видено. Секогаш доаѓаше прв на тренинг, а последен си заминуваше. Неговите тренинзи во теретена, начинот на исхрана… со изгледот на своето тело беше пред своето време. Денес сите го прават тоа“, вели Ван дер Варт.

Холанѓанецот имаше коментар и за игрите на Кристијано Роналдо, за кого вели дека е себичен фудбалер.

„Беше неверојатно себичен. Ако победевме 6-0, а тој не дал гол, не беше среќен, но кога ќе загубевме, а тој постигнеше два гола, тогаш сè беше во ред. Не играше само за себе, но му беше потребно да дава голови. И Руд ван Нистерлој беше ист“, додава Рафаел ван дер Варт.

- Оглас -

Најнови вести