Рафиња обезбеди предност за Барса, два гола во Париз

Барселона има водство од 1-0 на „Монжуик“ против Борусија Дортмунд по првото полувреме од првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите. Каталонскиот тим беше подобар, а единствениот погодок го постигна Рафиња во 25-тата минута. Тој всушност го потврди погодокот на гол-линијата по шутот на Кубарси.

Ситуацијата беше дискутабилна, но по проверката во ВАР-собата, голот беше признат.

Во Париз, ПСЖ и Астон Вила играат 1-1 по првиот дел. Астон Вила дојде во водство со голот на Морган Роџерс во 35-тата минута, а само четири минути подоцна израмни Дезире Дуе.

- Оглас -

Најнови вести