Рафиња веќе почна со „дриблање“, први извисија новинарите и фановите (Видео)

Барселона потроши 65 милиони евра за доведување на бразилскиот репрезентативец Рафиња и тој треба да биде новата ѕвезда на „Камп Ноу“ во сезоната која што следува. Рафиња беше пред потпис со Челзи, но каталонскиот гигант беше поупорен и успеа да го доведе фудбалерот.

Рафиња вчера пристигна во Барселона, а на аеродромот се создаде еуфорија. Многу новинари, но и навивачи беа на аеродормот да го поздрават фудбалерот, но се зезнаа. Во авионот со кој пристигна Рафиња беше и еден негов роднина, кој многу личи на фудбалерот.

Токму роднината на Рафиња прв излезе од авионот и помина низ аеродромот, а новинарите и навивачите го фотографираа и поставуваа прашања. Дечкото кој многу личи на Рафиња само помина покрај сите нив, додека фудбалерот неколку минути подоцна помина низ аеродормот од друг излез без никој да го забележи.

https://twitter.com/i/status/1547218271543463936

- Оглас -

Најнови вести