РАИ објави бомба: Елмас и соиграчите во Наполи се без плата од јули

Вистинска бомба објави новинарот на РАИ, Чиро Венерато, кој тврди дека Наполи има сериозни финансиски проблеми, а играчите не зеле плата од јули.

Ситуацијата во Наполи е експлозивна, особено по поразот од Милан во дербито на осмото коло во Серија А. Тренерот Џенаро Гатузо имал нервозен настап по мечот и ги обвинил фудбалерите дека немаат победнички менатлитет.

Според италијанските медиуми, популарниот Рино бил подготвен дури и да си замине од Неапол, но таа опција е спречена во последен момент од раководството на клубот.

Наполи по осум кола во Серија А, има 14 бода на шестото место и заостанува зад Милан за шест бода, а пред нив се и Сасуоло, Рома, Јувентус и Интер.

Амбициите на актуелниот вицешампион беа да се нападне титулата во Калчото, но засега планот не им оди во вистинска насока.

Задутре Наполи ќе игра против Риека во меч од четвртото коло во групата Ф од Лигата на Европа и има шанса со победа да го задржи врвот на табелата.

Наполитанците имаат шест бода од три меча, исто колку што собраа и Реал Сосиедад и АЗ Алкмар, а Риека е последна без бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести