Македонскиот стратег Емил Рајковиќ, нема да се бори за титулата во ВТБ Лигата, откако неговата ЦСКА Москва загуби во седмиот одлучувачки натпревар од полуфиналната серија против Локомотив Кубањ.
Седмиот натпревар беше решен во продолжението со 103:100, откако регуларните 40 минути завршија 85:85.
Најдобар во победничкиот тим беше Окаро Вајт со 21 поен, а Џејлен Бредфорд даде 17. Кај тимот на Рајковиќ, се истакнаа Алексеј Швед со 22, Далас Мур со 17 и Девонте Какок со 15 постигнати поени.
Локомотив Кубањ во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу Зенит и Уникс за кого настапина македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. И во второто полуфинале, победникот ќе биде одлучен во мајсторката која ќе се игра утре.