Рајола ги реши сите дилеми околу иднината на Халанд

Најпознатиот фудбалски менаџер, Мино Рајола вели дека младиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ќе остане во Борусија Дортмунд и во следната сезона, освен доколку не се случи некое чудо. Халанд е фудбалерот за кого мечтаат голем број европски гиганти, а Рајола веќе имаше разговори со челниците на Реал Мадрид и Барселона.

Иако постојано се шпекулира за тоа каде Халанд ќе се пресели во следниот преоден рок, Рајола откри дека од неговиот сегашен клуб Борусија Дортмунд, се цврсто решени да не го продадат.

„Разговарав со челниците на Борусија Дортмунд и тие открија дека не сакаат да го продадат Халанд ова лето. Ја почитувам нивната одлука, но тоа не значи дека се сложувам со тоа. Во добри односи сум со нив, не сум во војна“, рече Рајола.

Халанд пристигна во Дортмунд во јануари минатата година и има договор кој го обврзува да остане меѓу Милионерите до јуни 2024 година. Во клаузулата му стои дека клубовите заинтересирани за Халанд, може да го купат за само 75 милиони евра, но таа клаузула ќе биде активна дури следната година во јуни, што значи дека речиси нема шанси норвешкиот репрезентативец летово да си замине од Борусија.

 

- Оглас -

Најнови вести