Рајола: Ќе видиме во декември дали Погба ќе се врати во Јувентус

Договорот на Пол Погба со Манчестер јунајтед истекува на крајот од оваа сезона и сè уште е непознато дали ќе има продолжување на соработката.

Агентот на Французинот, озогласениот Мино Рајола, се огласи по повод шпекулациите за заминување на играчот.

„Декември е месец на желби, а јас имам многу желби коишто се надевам дека ќе се исполнат тогаш.

Неговата ситуација ќе биде позната тогаш, а се надевам дека поранешни играчи на Манчестер јунајтед коишто не се во клубот, ќе прекинат да зборуваат за мене и Пол, па така тој ќе може подобро да се фокусира на играта“, изјави Рајола.

Покрај камбек во Јуве, Погба се поврзува и со трансфер во Реал Мадрид, во кој се очекува и наредното лето да пристигне Килијан Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести