Пол Погба ја игра својата последна сезона во Манчестер јунајтед, изјави неговиот агент Мино Рајола. Италијанскиот менаџер ова го изјави во интервју за „Тутоспорт“. Погба има договор со Црвените ѓаволи до летото 2022 година, но Рајола најавува голем трансфер на Французинот во 2021.
Францускиот фудбалер за врска најдобрите игри на клупска сцена ги прикажуваше од 2012 до 2016 година кога настапуваше за Јувентус, и потоа прејде во Манчестер јунајтед за 105 милиони евра. Таму имаше повремени блесоци, но изостана константноста, па често е и резерва. Има 34 гола од кои последниот викендов против Вест Хем беше прекрасен, и 35 асистенции на 177 меча.
Според агентот Рајола, времето на 27-годишниот Погба во Јунајтед е завршено, а Јуве треба да ги купи неговите клиенти Погба и Златан Ибрахимовиќ. Рајола мисли дека Ибра би бил идеален партнер на Кристијано Роналдо во нападот.