Рајола најави трансфер-бомба: Налето носам суперѕвезда во Реал

Контроверзниот фудбалски агент Мино Рајола во интервју за шпанска „Марка“ откри дека планира да доведе суперѕвезда во Реал Мадрид. Рајола има доста познати фудбалски имиња кои се негови клиенти, како Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, но и младата норвешка сензација Ерлинг Халанд.

Рајола зборуваше за двајца од споменатите ѕвезди, можете и сами да претпоставите според поранешни шпекулации.

„Погба минува низ тежок период. Сака што побрзо да закрепне и да се врати на терените, а воедно да ја оствари целта со Манчестер јунајтед да се пласира во Лигата на шампионите. Во изминатите неколку години постоеше интересот од Реал Мадрид за Пол, меѓутоа не беше возможно во тој период да се оствари трансферот. Што се однесува за Халанд, никој не очекуваше дека толку брзо ќе експлодира. Тој има уште многу да учи и да се надградува, а доколку сакате ексклузива поврзана со Ерлинг, можам само да ви кажам дека ќе остане во Дортмуд. Како и да е, мојот план за налето е да договорам трансфер на суперѕвезда во Реал. Со клубот имам одлична соработка, еден мој клиент е веќе таму, но Ареола е само на позајмица. Ќе бидам горд на себе доколку мој клиент игра за најголемиот клуб на светот“, истакна Рајола.

- Оглас -

Најнови вести