Рајола прави шоу – Ја советува Барса да го продаде Тер Штеген и да им го донесе Донарума

Мино Рајола, контроверзниот фудбалски агент, се осмели да се замеша во плановите на Барселона околу летниот трансфер период.

Имено, тој ги советува Каталонците да го продадат својот голман Марк Андре Тер Штеген, кој на пазарот има цена од 75 милиони евра, со цел клубот да си ја наполни касата и средствата да ги искористи за нови засилувања. Како негова замена, Рајола ќе го доведе Џанлуиџи Донарума на „Камп ноу“ и тоа без отштета, ако се знае дека Италијанецот уште нема одговорено на Росонерите дали ќе ја продолжи соработката.

Како што е познато, агентот на Донарума има намера да му обезбеди годишна плата од 10 милиони евра, услов кој Милан не сака да го исполни, па бидејќи седумкраниот првак го загуби трпението, веќе го осигура заменикот на Џиџи, тоа ќе биде Мајк Мањан од Лил, за кого ќе се издвојат околу 15 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести