Рајола замеша прсти, Ајакс остана без големиот талент

Лајцпиг го осигура потписот на Брајан Броби, 19-годишниот талентиран напаѓач кој потекнува од академијата на Ајакс, при тоа бундеслигашот не потроши ниту евро, а сето тоа е благодарение на контроверзниот агент, Мино Рајола.

Тој бил посредник на ангажманот, по што Рајола го убедил Броби да не става потпис на нова соработката со Копјаниците, а кариерата и развојот да ги продолжи во редовите на Црвените бикови, за кои ќе настапува во наредните четири години.

Така Ајакс остана без својот голем талент, но и милиони евра како планирана заработка во иднина при евентуална продажба на Броби.

Tалентираниот Броби изби на сцената оваа сезона со 13 погодоци во вкупно 26 настапи во сите натпреварувања, потврдувајќи дека во него лежи идна звезда на холандскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести