Вечерва се играат првите четвртфинални натпревари од Лигата на Европа, а најинтересен ќе биде двобојот на Манчестер јунајтед, кој важи за топ-фаворит за трофејот, и рекордерот со шест титули во ЛЕ, Севилја.
Иако Андалузијците имаат потпросечна сезона, не смее да се потценат бидејќи во второто по сила европско клупско натпреварување тие се многу опасни.
Хрватот Иван Ракитиќ најави дека ќе пробаат да ги елиминираат Црвените ѓаволи.
„Можеме да кажеме дека Лигата на Европа е наше натпреварување. Ќе играме против еден од најдобрите тимови на светот со намера да се бориме. Да, Јунајтед е најголем фаворит во Лигата на Европа, но никој не смее да ја потцени Севилја. Верувам во тимот, сакаме да одиме понатаму колку и тоа да изгледа тешко“, изјави Ракитиќ.