Иван Ракитиќ уште еднаш ја покажа својата класа, на дебито за Ал Шабаб во првенството на Саудиска Арабија, Хрватот даде гол за победа на неговиот тим од 1-0, и со тоа со силен шут, со што си го оправда прекарот Ракета, иако тоа е поврзано и со неговото презиме.
По додавање од Јаник Караско, 35-годишниот Ракитиќ упати силен и прецизен шут по кој топката заврши во мрежа во 83-тата минута од средбата со Дамак.
Искусниот Ракитиќ неодамна се раздели со Севилја и прејде во Саудиска Арабија, каде веднаш покажа дека е мајстор:
https://twitter.com/i/status/1758523093843095567