Вечерашниот реванш-дуел од Купот на Шпанија помеѓу Барселона и Севилја ќе биде посебен за Иван Ракитиќ бидејќи Хрватот, кој во претходните шест сезони го носеше дресот на Барса, по подолго време ќе има прилика да заигра на најголемиот стадион во Европа како гостински фудбалер.
Ракитиќ го даде вториот гол на првиот меч, Севилја вечерва брани предност од 2-0, но викендов Барселона славеше во Сеивлја со истиот резултат, па ќе биде интересно да се види кој ќе се пласира во финалето.
Популарната Ракет со Каталонците освои 13 трофеи, имаше многу убави моменти, а се присети и на една анегдота.
„На Меси еднаш му реков: Имаш дадено многу голови, но јас имам трофеј кој ти никогаш нема да го имаш. Никогаш нема да ја освоиш Лигата на Европа“, се сеќава Ракитиќ со насмевка на лицето.