Искуснот хрватски фудбалер Иван Ракитиќ ужива во карантинот со своето семејство, излегува само еднаш неделно, и тоа за да фрли ѓубре на 50 метри од дома, а кога ќе им се врати на фудбалските активности, го чекаат тешки денови и денови на одлука во кој правец ќе оди неговата кариера.
Статусот на Ракетата во Барса е далеку од идеален, постојано има шпекулации дека ќе замине во друг клуб, а и неговиот став дека сака да остане во Барселона до крајот на кариерата веќе не е толку цврст.
„Не сум вреќа со компири, па да ме селат каде што сакаат. Јас ќе си одлучам за мојата иднина. Сакам да играм таму каде што ќе ме сакаат и ќе ме ценат. Ако е тоа тука во Барселона, супер, ако не, ќе одам на некое друго место. Не ме повредува тоа што не играм, туку односот кон мене. Минатата сезона ми беше најдобра од шесте откако сум во клубот, а сакаа да ме истуркаат оттука и тоа многу непријатно ме изненади. Сезонава дојдоа полоши резултати, а повторно не сметаат на мене, и тоа ме повреди“, рече Ракитиќ, кој има договор до 2021.