26.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Ракитиќ призна дека го напуштил домот

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ се наоѓа во својот дом во Барселона, каде што се придржува до рестрикциите да седи во самоизолација додека трае пандемијта со Коронавирусот, но сепак откри дека морал да го напушти домот.

Ракитиќ зборуваше за официјалниот канал на Барселона, па кажа и дека предвреме се подготвувал за карантин во случај да се прогласи вонредна состојба во Шпанија во пресрет на гостувањето во Неапол за мечот против Наполи во ЛШ. Инаку, во Шпанја вонредна состојба се прогласи пред седум дена.

„Излегов надвор само до кантата за да го фрлам отпад, а таа се наоѓа на педесетина метри и тоа е едниствената причина што мора да излезам на улица. Видов што се случува во Италија кога гостувавме кај Наполи, па затоа и навреме се подготвив и обезбедив намирници за подолг период“, истакна Ракитиќ.

Хрватот времето во самоизолација го поминува така што посветува повеќе внимание на своите деца околу домашните задачи кои држат онлајн настава, додека се придржува и до програмата за одржување на физичката форма дадена од клупскиот фитнес-тренер.

- Оглас -

Најнови вести