30.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Ракитиќ жали што никогаш не заиграл во Серија А

Поранешниот хрватски репрезентативец, а сегашен технички директор на Хајдук, Иван Ракитиќ, истакна дека неговата омилена размена на дресови била со Златан Ибрахимовиќ, а неисполнета желба му е да игра со Златан во ист тим.

„Секогаш им кажувам на сите мои пријатели колку сум благодарен за мојата кариера, но ми недостигаат две работи. Првото е играњето во Серија А, а второто, сакав да играм со Златан Ибрахимовиќ. Мојата омилена размена на дресови беше со Златан кога играв против него во Лигата на шампионите“, вели Ракитиќ. 

Ракитиќ објасни што особено го привлекува кај Ибрахимовиќ, нагласувајќи го неговиот карактер и влијанието врз соиграчите.

„Мислам дека тој е нешто посебно. Начинот на којшто оди напред, како лав, се смета себеси за најдобар… Мислам дека можеш да се подобриш во многу работи само ако бидеш секој ден со него. Затоа толку многу го сакам Златан и неговиот дрес има посебно место во мојата колекција“, раскажува Хрватот. 

- Оглас -

Најнови вести