Македонска машка ракометна репрезентација денес отпатува за Словачка, каде што утре во Прешов ќе го одигра првиот бараж-дуел против словачката селекција во битката за пласман на Светско првенство во ракомет 2027.

Со националниот тим за Словачка отпатува и делегација на Ракометна федерација на Македонија, предводена од претседателот Александар Стефанов, која ќе им даде поддршка на репрезентативците пред еден од најважните натпревари во квалификацискиот циклус.

За патувањето е организиран чартер-лет, со што на македонските ракометари им се обезбедени максимални услови за подготовка и целосен фокус пред пресметката во Прешов.

