Ракометарите тренираа во Силкеборг, од утре се селат во Хернинг (Видео)

Ракометната репрезентација на Македонија со вечерниот тренинг го завршува мини престојот во Силкеборг и утре наутро се сели во Хернинг, градот во којшто ќе се игра нашата група на Европското првенство.

Избраниците на Кирил Лазаров утре ќе го имаат и последниот тест пред почетокот на континенталниот собир, а за противник ќе го имаат составот на Митјиланд.

Македонија на Европското првенство е во група со Данска, Португалија и Романија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести