Македонската женска ракометна репрезентација од 18 часот, во салата „Борис Трајковски“ ќе го игра првиот меч од Европското првенство, а противник е Франција. Французинките се фаворитки не само на овој меч, туку и едни од главните претенденти за освојување на медал.
Иако Македонија е аутсајдер вечерва, девојките ветуваат максимално залагање и борба за секоја топка.
„За противници имаме три ривали кои се во ракометниот крем на Европа. Ќе биде многу тешко, но ние нема да се појавиме со бело знаме. Верувам дека можеме да добиеме некој меч, а најголемата шанса мислам дека треба да ја имаме против Романија. Франција е нашиот прв ривал, натпревар кој ќе биде многу тежок, но мислам дека со срце на терен ќе може да се надигруваме со секого. Очекувам полна сала и поддршка од македонската публика“, вели Јована Саздовска.
Според квотите во Sport Life, Франција е апсолутен фаворит, па дури и за победа на противникот со разлика од 10+ голови се дава помала квота, отколку Македонија да загуби со едноцифрена разлика.
Македонија и Франција досега играле осум пати, а последен пат тоа било пред речиси 10 години, на Европското првенство во 2012 година, кога Галските петли победија убедливо со 29:16. Македонија има само една победа над Франција и тоа во Скопје со 30:27 во квалификациите за ЕП во март 2012 година. Неколку дена подоцна, Франција на свој терен победи со повеќе од убедливи 40:20. Во овие дуели се памти и ремито во Куманово во далечната 1995 година кога беше 25:25.