Ракометарките убедливи и против Исланд

Женската ракометна репрезентација на Македонија втор ден по ред слави убедлива победа во претквалификациите за СП 2019. Моќта денес ја почувствува селекцијата на Исланд, која Македонија ја совлада со 29-21. Ракометарките се на добар пат да обезбедат место во баражот за светскиот ракометен собир, останува да се издови позитивен резултат утре против Турција.

Македонската репрезентација по првите 30 минути игра веќе создаде убедлива предност од шест гола (16-10), па со ист ритам продолжија и во второто полувреме. Во еден момент нашите ракометарки водеа и со двоцифрена гол – разлика при резултат од 25-15, па без поголеми проблеми во финишот ја задржаа предноста.

По две средби Македонија има максимални четири бода на турнирот кој се игра во Скопје. Утре во 20 часот ќе го одиграат последниот натпревар, против селекцијата на Турција за потврда на пласманот во баражот за СП кој во 2019 година ќе се игра во Јапонија.

 

- Оглас -

Најнови вести