Ракометна сензација: Последен пат на големо натпреварување играа против Македонија во 1997 година, а сега ќе бидат дел од следниот Мундијал

Репрезентацијата на Италија направи големо изненадување откако двапати ја победи фаворизираната Црна Гора во бараж-двомечот за пласман на Светското првенство кое ќе се игра во јануари следната година.

Италија ја победи Црна Гора во првиот меч со 32:26, а на реваншот Аѕурите изненадија и во Подгорица, кога беа подобри со 34:32. Со овој резултат Италија обезбеди место на Светско првенство за првпат по 1997 година. Таа 1997 година Италија за прв и досега последен пат беше дел од планетарниот собир.

Оваа селекција само уште еднаш има играно на големо натпреварување, и тоа следната 1998 година, кога беше домаќин на Европското првенство. На тоа ЕП во 1998 година за првпат на големо натпреварување играше и Македонија и ја победи нашата селекција со 27:26 по продолженија и на крајот да го освојат Аѕурите е да бидат на 11-тото место во Европа, а нашите ракометари завршија како 12-ти на Стариот Континент.

- Оглас -

Најнови вести