Рамос: Јас сум најголем поддржувач на ВАР-системот, фудбалот така е пофер

Реал Мадрид победи со 2-1 на гостувањето кај Ајакс во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, а главен момент беше поништениот гол на домаќините во првото полувреме. Играчите на Ајакс се радуваа на погодокот кога судијата побара помош од ВАР-технологијата.

По прегледаната снимка, арбтерот досуди дека голот бил постигнат од офсајд и затоа го поништи. Подоцна, во второто полувреме Реал даде два гола за победа. Капитенот на мадридскиот гигант Серхио Рамос вели дека ВАР-системот мора да се користи на вакви мечеви.

„Многупати имам кажано дека сум еден од најголемите поддржувачи на ВАР-системот. Тој систем го прави фудбалот да биде пофер. Ние знаеме како е да се губи, но и како е да се победува. Успеавме да оствариме одличен резултат против Ајакс“, рече Рамос, кој го одигра јубилејниот 600-ти натпревар во дресот на Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести