Рамос му се извини на Меси: Не беше намерен ударот во лицето (Видео)

Дуелот меѓу двата капитени Серхио Рамос и Лионел Меси, пред крајот на првото полувреме, беше еден од најанализираните моменти на синоќешното Ел Класико. Двајцата беа во борба за топката, а Рамос со лакт го удри Меси во лицето. Аргентинецот падна на теренот, а судијата не досуди ништо.

Капитенот на Барселона беше лут поради ваквиот потег на Рамос, а интересна анализа даде некогашниот тренер на Реал, Жозе Мурињо. Португалецот вели дека Рамос тоа го направил со причина.

„Он знае дека мора да се промени ритамот на играта и веројатно тоа го прави намерно, за да во вториот дел се влезе со друго темпо. Според мене, играта во првото полувреме беше многу мека“, рече Мурињо за време на анализата на Ел Класико за БЕИН Спорт.

https://twitter.com/i/status/1101954684477149185

По тој мини инцидент се огласи и самиот Рамос, кој вели дека немало намера да го повреди Меси.

„Сударот со Меси не беше намерен. Тој погрешно го сфати тоа и ми рече многу работи, но се тоа останува на теренот“, рече Рамос по мечот. Ваквите удари на Рамос и во минатото се добро познати, така да ретко кој би поверувал дека Серхио ненамерно го удрил Лео во лицето.

Многумина експерти сметаат дека капитенот на Реал требаше да добие црвен картон поради намерно удирање на противникот и Рамос треба да биде среќен бидејќи не беше исклучен. Дефанзивецот на Реал веќе е рекордер по бројот на добиени црвени картони во историјата на Примера дивисион.

„Ударот на Рамос е во лицето на Аргентинецот. Судијата погреши бидејќи требаше да го исклучи“, рече експерот за судење, Андухар Оливер.

- Оглас -

Најнови вести