Рамос повторно се повреди, мечот со Челзи му беше последен во дресот на Реал Мадрид?

Доколку летово не го продолжи договорот со Реал Мадрид, престојот на дефанзивецот Серхио Рамос во Кралскиот клуб во кој дојде од Севилја во 2005 година е завршен. Рамос има мускулна повреда на левата нога, поради која сезонава му е завршена, па можно е дуелот со Челзи на кој Рамос играше недоволно подготвен, да му биде последен во дресот на Реал.

Рамос стана легенда на Реал, во последните сезони беше и капитен, но сезонава и тој се мачи со повреди, во 2021 година играше на само пет меча и можно е дојде до разделба со него. Доколку Рамос не ја продолжи соработката со Реал, а преговорите се проблематични, тогаш тој ќе има не баш посакуван крај на престојот во клубот.

Повредата не му е тешка, па би требало тој да биде подготвен за стартот на Европското првенство, но бидејќи лигата завршува на 23-ти мај, тој веќе нема да го облече дресот на Реал, барем не сезонава.

- Оглас -

Најнови вести