Рамос во слободно време е илузионист – Неговиот трик нема да им се допадне на ривалите (видео)

Реал Мадрид утре тргнува во одбрана на титулата во Ла Лига со гостување кај незгодниот тим на Реал Сосиедад. Во пресрет на тој меч, капитенот Серхио Рамос одлучи да ги покаже магионичарските вештини, а се испостави дека Шпанецот е одличен илузионист.

Рамос го трзаше десниот ракав од белиот дрес и над амблемот од Ла Лига оддеднаш се појави златниот амблем кој го носи актуелниот првак на Шпанија, што воедно послужи како провокација за ривалите Барселона и Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести