Рамос за првото исклучување во Мексико: Не можев да ја напуштам лигата без црвен картон

Легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, 38-годишниот Серхио Рамос, кој во моментов настапува за мексикански Монтереј, реагираше на црвениот картон што го доби на натпреварот против Пумас.

„Многу важна победа на гости против тежок противник. Очигледно не можев да заминам од оваа лига без црвен картон“, напиша Рамос на социјалните мрежи, додавајќи смајли што намигнува со испакнат јазик по зборовите за црвениот картон.

За Рамос тоа беше 30-ти црвен картон во неговата богата кариера. Бил исклучуван и во шпанската и француската лига, како и во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести