Рамос не игра за ПСЖ, ама си брои милиони

Серхио Рамос нема одиграно ниту еден меч веќе четири месеци откако пристигна во Пари Сен Жермен од Реал Мадрид како слободен играч и досега Светците ги чини мало богатство.

Педантните аналитичари пресметаа дека досега стоперот од Шпанија си заработи четири милиони евра за ниту една минута на терен, што е фрапантен податок.

Рамос на 8 јули годинава потпиша двегодишен договор со ПСЖ за годишна плата од околу 12 милиони евра.

Тоа значи дека една третина од актуелниот договор ја доби без да настапи на ниту еден меч за ПСЖ.

Еден од најтрофејните активни фудбалери на планетата беше повреден, но дури минатата недела за првпат се приклучи на тренинг на ПСЖ, а сè уште не се знае кога ќе дебитира за новиот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести