Ралф Рангник имаше неуспешна мисија во Манчестер јунајтед, тим што е далеку од позиции кои водат во Лигата на шампионите, но Германецот не се откажува и сака да остане во клубот како советник.
Тоа е и од претходно планирано, Рангник да биде советник во клубот со договор до 2024 година, но има и нов момент и германскиот тренер сака да биде и селектор на Австрија.
Австриските медиуми најавуваат дека токму тој ќе биде новиот кормилар на репрезентацијата.
Тоа би значело дека во следните две сезони би имал двојна улога, како селектор на Австријците и спортски советник во Манчестер јунајтед.
Рангник истакна дека сака да му помогне на новиот менаџер Ерик тен Хаг, кој всушност е негов наследник на клупата на Црвените ѓаволи.
Проблем за Манчестер јунајтед е што Германецот воопшто не е омилен кај играчите, па сега и со функцијата како нов селектор на Австрија му создава дополнителни главоболки на раководството на 20-кратниот англиски првак.