Манчестер јунајтед со 3:0 славеше над Брентфорд вчеравечер, но само со чудо може да се пласира во Лигата на шампионите наредната сезона.
Црвените ѓаволи целосно потфрлија во сите натпреварувања, а дури ниту привремениот тренер, Ралф Рангник, не успеа да ги подобри работите, напротив.
„Овој тим на Манчестер јунајтед целосно потфрли сезонава. Очекував да се пласираме во Лигата на шампионите, но поради неконстантноста и лошата форма, не успеавме да дојдеме до тоа.
Имавме многу повредени играчи, но тоа не смее да биде оправдување бидејќи и другите тимови се соочуваа со такви проблеми. Потребно ќе ни биде многу работа во наредниот период, а налето ќе има голем број продадени, но и нови играчи“, изјави Рангник.
Манчестер јунајтед со 36 одиграни натпревари има 58 бодови и е на шестото место, додека четвртопласираниот Арсенал има 63 бода, но и два натпревари помалку.