Ралф Рангник долго време се споменуваше како човек кој ќе застане на местото на Стефано Пиоли во Милан, меѓутоа пандемијата со корона-вирусот прво го одложи, а потоа и стави крај на тој план. Иако се наведуваше дека Пиоли ќе добие уште една шанса да го предводи тимот до добри резултати, според најновите информации на Кристијан Фалк, новинарот на спортски „Билд“, кој е добро запознат со ситуацијата, тврди дека Рангник сепак ќе го преземе кормилото на Росонерите.
Наводно таа соработка треба да се оствари во наредните неколку денови, а Милан да ја продолжи сезоната со нов тренер. Фалк вели дека спортскиот директор на Лајпциг трипати неделно учи италијански и е подготвен за работата, а наводно планира со него да доведе неколку оперативци како дел од реконструкцијата на седумкратниот европски првак.