Рашфорд е голем хуманитарец: По секој тренинг им носи пари, храна и вода на бездомниците (ФОТО)

Маркус Рашфорд можеби не е еден од најдобрите светски играчи, но дефинитивно е голем хуманитарец.

Иако заработува над 200 илјади евра неделно, тој не заборава на најранливите категории и секојдневно им помага.

Тоа го откри неговиот брат Двејн Мајнард.

„На почетокот му велев дека е опасно, ама Маркус не се откажува и секој ден по тренинг на бездомниците им носи пари, храна и вода“, изјави Мајнард.

На самиот почеток од пандемијата со ковид-19, Маркус со својата фондација успеа да собере над 20 милиони фунти, коишто беа распределени низ центрите за сиромашни.

Секоја чест за сето ова.

- Оглас -

Најнови вести