Рашфорд го уценува Јунајтед, бара неделна плата од 350.000 фунти

Младата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, го ученува клубот да му ја зголеми платата на 350.000 фунти. Раководството на Црвените ѓаволи веќе подготвува нов договор за Англичанецот, на кого сегашниот му истекува во јуни 2020 година, но останаа изненадени по условот на самиот фудбалер.

Имено, Рашфорд има намера да остане на „Олд трафорд“, а новиот побогат договор ќе му гарантира кај Солскјер дека ќе биде прв напаѓач во стартниот состав. Покрај тоа, овој храбар потег на Рашфорд е поради примањата на Алексис Санчес. Чилеанецот е најплатен фудбалер во Премиер лигата со плата од 500.000 фунти, а никако не ги оправдува средствата, па токму затоа Рашфорд таа карта да добие поголема плата и да покаже дека заслужува покачување.

Воедно, пред извесно време се појави интерес за неговите услуги од Барселона, што уште повеќе ги вознемири челниците на ЈУнајтед да реагираат во врска со обновата на соработката со нивниот производ од академијата.

- Оглас -

Најнови вести