Рашфорд не го интересираат парите на Светците

Маркус Рашфорд, напаѓачот на Манчестер јунајтед, ја одбил понудата да потпише за ПСЖ за неделна плата од 450.000 евра бидејќи сака да остане на „Олд Трафорд“.

Англискиот репрезентативец планира на крајот од сезоната да седне на преговарачка маса со челниците на Манчестер јунајтед на преговори за нов договор бидејќи актуелниот му истекува идната година.

Рашфорд сезонава досега одигра 44 натпревари, на кои постигна 27 гола, а менаџерот на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг, го гледа напаѓачот како клучен играч во тимот во завршницата од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести