Рашфорд подготвува големо предавство, го напушта Јунајтед и оди во редовите на голем ривал?!

Маркус Рашфорд во летниот преоден рок најверојатно ќе го напушти Манчестер јунајтед и ќе се пресели во редовите на еден од најголемите ривали на Црвените ѓаволи, Арсенал, објавија англиските медиуми.

Според медиумите, Рашфорд веќе имал разговори со менаџерот на Арсенал, Микел Артета и наводно двете страни постигнале вербален договор и се очекува во летниот преоден рок Топчиите да тргнат по неговиот потпис.

 

За разлика од минатата сезона кога најдобар стрелец на Манчестер јунајтед во Премиер лигата со 17 гола, оваа сезона Рашфорд ја одигра далеку под очекувањата.

Одигра 33 натпревари во Премиер лигата и постигна само седум гола. Овој учинок ги разочара навивачите кои се погласно бараат тој да биде продаден во летниот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести