9.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Рашфорд сам го победи Њукасл, Елмас доби 20 минути во поразот на Наполи од Сити (Видео)

Маркус Рашфорд е херојот на Барселона во победата над Њукасл од 1-2 на гостински терен на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите. Англичанецот буквално сам ги победи Страчките, со оглед на фактот дека беше стрелец на двата гола за Каталонците.

Рашфорд најпрво погоди во 58-мата минута со удар со глава, по асистенцијата на Кунде.

Англичанецот стрелаше и во 67-мата минута, кога зголеми на 0-2 со вистинска бомба од работ на шеснаесетникот. Сепак, Ентони Гордон во 90-тата минута постигна гол за Њукасл и внесе неизвесност во финишот од мечот.

Шампионот на Италија, Наполи, немаше сили да му се спротивстави на Манчестер сити со играч помалку откако Џовани ди Лоренцо беше исклучен во 21-вата минута, па загуби со 2-0. Халанд и Доку беа стрелци на головите за Граѓаните, а нашиот репрезентативец, Елиф Елмас, во игра беше уфрлен во 71-вата минута и одигра 20-тина минути против поранешниот европски шампион.

Убедливи победи забележаа Ајнтрахт Франкфурт и Спортинг Лисабон против Галатасарај, односно против Каират.

Фудбалерите на Ајнтрахт со 5-1 славеа над Галатасарај откако гостите од Турција први дојдоа во водство, а Спортинг очекувано и лесно го победи шампионот на Казахстан со 4-1.

- Оглас -

Најнови вести