Италијанската рагби федерација (ФИР) и клубот Бенетон, денеска покренаа истрага против неименуван играч на овој тим поради расизам бидејќи на соиграч од Гвинеја, како подарок за Божик му дал скапана банана.
Управата на Бенетон одлучи да го суспендира својот играч додека трае истрагата.
Шериф Траофе кој настапува за Бенетон, пред два дена на социјалните мрежи објави дека кога тимот се собрал за да разменат божикни подароци, еден од соиграчите му подарил скапана банана. Подароците се делеле анонимно.
Веднаш потоа, управата на клубот и соиграчите му се извиниле на Траоре.
A statement from the President of Roc Nation Sports International Michael Yormark, regarding Benetton Rugby Club. pic.twitter.com/eXdEj9XwfV
— Roc Nation Sports International (@RocNationSI) December 23, 2022