Раскина најпознатата тениска љубовна двојка

Украинката Елина Свитолина и Французинот Гаел Монфис по завршувањето на Отвореното првенство на Австралија, ја раскинаа двогодишната љубовна врска. Најпознатиот љубовен пар меѓу активните тенисери во Австралија стигнаа како двојка и порачаа дека ќе им биде тешко еден без друг за време на карантинот, но потоа дојде шокот.

„Одлуката беше неверојатно тешка, уште чувствуваме љубов еден кон друг. Но, ние сме и најдобри пријатели кои сфатија дека е потребно да си земеме простор“, објавија во заедничката изјава.

Свитолина, која е петта на ВТА-листата, во Мелбурн стигна до четвртфинале, а Монфис отпадна на стартот. Украинката важи за една од најатрактивните тенисерки која предизвика внимание кога во 2017 година имаше една еротска фотосесија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести