Распад-систем: Анадолу безмилосно ја растури ЦСКА Москва

Анадолу Ефес продолжи со победничката серија веќе на 11 меча, по големата победа против сè уште европскиот шампион ЦСКА Москва со убедливи 100:70. Репризата од финалето од сезоната 2018/19 не заврши по добро за Армејците, кои првпат сезонава примија 100 поени во еден натпревар.

Во три од четирите периоди Анадолу не му дозволи на противникот да постигне повеќе од 17 поени, односно домаќините имаа +20 поени предност уште во првата четвртина. ЦСКА на полувреме забележа скромни 28 поени, по што срамот беше неминовен.

Мициќ со 21 поен и 8 асистенции го предводеше гигантот од Истанбул, додека Шенгелија беше светлост на сивилото кое го прикажаа Армејците во ова дерби.

Во меѓувреме, Реал Мадрид славеше со 75:71 на гостувањето кај Зенит во Санкт Петербург.

- Оглас -

Најнови вести