Расположена атмосфера во летот кон Мундијалот (фото)

Македонската фудбалска репрезентација утрово во 10 часот со чартер лет тргна кон Букурешт, каде што утре ќе ги одмери силите против селекцијата на Романија во првото коло од квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Рисовите се добро расположени, како што може да се примети на фотографијата од авионот во кој патуваат. Заедно со нив е и Аријан Адеми, кој поради повреда отпадна од комбинација за дуелите против Романија и Лихтенштајн, но надежите се дека ќе закрепне до средбата против големата Германија на 31 март.

Пристигнувањето на репрезентативците во романската метропола се очекува да биде по 14 часот, според времетраењето на летот од Скопје до Букурешт.

- Оглас -

Најнови вести