Раул Гарсија ѝ пресуди на Уеска

Атлетик Билбао со минимални 1-0 славеше на гости кај Уеска во последниот дуел од 24-тото коло во Ла Лига. Гостите од Баскија победија со помош на Раул Гарсија, кој го постигна единствениот погодок на мечот.

Се играше 18-тата минута кога Гранде го сруши Мартинез во својот шеснаесетник, по што беше досудена најстрога казна во корист на Атлетик, а Гарсија од белата точка ја затресе мрежата.

Билбао по ова коло се искачи на 11-тата позиција на табелата со 30 бода, додека Уеска останува закована на дното само со 18 бода.

- Оглас -

Најнови вести