19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Раул го носи Криштопанс во ПСЖ

Дајнис Криштопанс од сезоната 2019/20 ќе го носи дресот на ПСЖ, гигантот кој го предводи Раул Гонзалес. Според најавите на Handball-planet.com, летонскиот „џин“ на Вардар повторно ќе соработува со Ел команданте, откако и двајцата првпат работеа заедно во скопскиот гигант само една сезона.

Криштопанс ќе пристигне како замена за хрватскиот ракометар Лука Степанчиќ, кој не се снајде најдобро на позицијата десен бек, на која главно игра француската ѕвезда Недим Ремили.

Дваесет и осумгодишниот ракометар висок 215 сантиметри ја игра втората сезона во дресот на Вардар, откако во 2017 година пристигна од редовите на Мешков Брест.

- Оглас -

Најнови вести