Шпанската фудбалска федерација планира на легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес Бланко, да му ja понуди селекторската позиција во младинската репрезентација до 21 година, пренесува „Марка“.
Селекторското место ќе биде слободно во септември, откако актуелниот страгег Санти Денија ќе ја преземе функцијата во катарскиот клуб Ал-Шаханија. Денија има импресивно педигре, со Шпанија ја освои титулата на Европските првенства до 17 и до 19 години, а минатото лето стана и олимписки шампион на Игрите во Париз.
Шпанската селекција до 21 година беше елиминирана во четвртфиналето од Европското првенство во Словачка од актуелниот шампион Англија.
Раул до неодамна го водеше тимот на Реал Мадрид Кастилја, но ја напушти функцијата со цел да ја продолжи тренерската кариера на повисоко ниво. Планирано е новиот селектор да го предводи тимот во нов квалификациски циклус, кој ќе заврши со Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.
Година претходно, репрезентацијата ќе учествува и на Европското првенство, кое ќе се одржи во Албанија и Србија.